Skip to main content

Мицкоски во Кочани на почеток на изградба на две улици и на увид на градежни активности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во општина Кочани каде ќе даде изјава за медиуми.

Сектор за односи со јавноста на Владата соопшти дека потоа премиерот ќе изврши увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и увид во градежни работи при изградба на дел од потисен цевковод од јазол до изливен базен на препумпна станица од водоводниот систем

Поврзани вести