Skip to main content

Тони Цетински не продал билети во Нови Сад, па си измислил приказна дека салата била логор за Хрвати

Откажувањето на концертот на хрватскиот пејач Тони Цетински, кој беше најавуван за Денот на жената во Нови Сад, продолжува да предизвикува бурни реакции во регионот. Настапот требаше да се одржи во Спенс Хол, но одеднаш беше откажан на самиот ден поради слаба продажба на билети. Тимот на Цетински интензивно ја следел продажбата на билети и вршел притисок врз организаторите поради слабиот интерес на публиката.  Салата всобира околу 7.000 луѓе, а не биле продадени ниту 3.000 билети.

Хрватските бранители му излегле на помош со изјава дека салата „Спенс“ во деведесетите години била логор за Хрвати што е далеку од вистината. Салата се користела како прибежиште за протераните Срби од Хрватска по акцијата „Бура во 1995 година.