Skip to main content

Танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ вечерва во МНТ ќе го отвори Месецот на франкофонијата

По повод отворањето на Месецот на франкофонијата, Францускиот институт во Скопје и „Танц-фест“ го најавуваат танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група „K.Danse“. Претставата ќе биде изведена вечерва, во вторник, 10 март, во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар.

Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција.

На крстосницата помеѓу современиот танц и дигиталните истражувања, ова дело ја преиспитува нашата врска со нормите, технологијата и со креативноста.

Секој учесник станува кокреатор и сведочи за уникатно уметничко дело што се менува во зависност од сопственото движење и односот кон вештачката интелигенција.

Во рамките на посетата на трупата ќе се реализира и програма на работилници од 9 до 13 март, во неколку града во земјава, Скопје, Битола, Куманово и Тетово, под водство на кореографот Жан-Марк Матос. Работилниците се наменети за актерите од областа на танцот, младите изведувачи и за наставниците по француски јазик.

Проектот, кој е поддржан во рамките на програмата FEF „Дигитални уметности“, ја истакнува продукцијата на современото франкофонско творештво и ја зајакнува уметничката соработка помеѓу Франција и Македонија.

Поврзани вести