Skip to main content

Мисајловски со честитка за 8 Март: Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената испрати честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана.

Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ангажман и лидерство се силен доказ дека одбраната е област во која знаењето, способноста и храброста се поважни од сѐ, истакнува Мисајловски.

Министерството за одбрана, како што посочува Мисајловски, останува посветено на создавање еднакви можности, поддршка на професионалниот развој и унапредување на улогата на жените во одбранбениот сектор.

На крајот од пораката, министерот им се заблагодари на жените за нивниот придонес, професионализам и посветеност во службата и им го честита празникот.

Поврзани вести