Skip to main content

Кошаркарките на Вардар славеа на гости против МЗТ Бела вода

Кошаркарките на Вардар постигнаа нова победа во шампионатот откако попладнево во првиот дуел од 2.коло од „оролоџото“ на гости ја совладаа екипата на МЗТ Бела вода со 80:59 (21:16; 24:12; 16:13 и 19:18). Најдобар поединец на натпреварот беше Милица Николиќ со „дабл-дабл“ ефект 19 поени и 12 скока, а четири кошаркарки имаа двоцифрен број поени.

За „црвено-црните“ ова беше 11.та победа во шампионатот.

На другите од оваа рунда вечерва играат: Спорт тим – Пробаскет, Патриот – Бадел и Баскет Кам – Крива Паланка.

Натпреварите се играат денеска, а од утре стартуваат подготовките на женската репрезентација за квалификациите за Евробаскет 2027 година. Македонските кошаркарки од 11 до 17.март ќе одиграат три натпревари: Данска (11.март – гости); Грција (14.март – гости) и Хрватска (17.март-дома).