Skip to main content

Дисциплинска истрага за Шкендија, санкции и за тренери од Првата лига

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија отвори постапка против ФК Шкендија поради слаба организација на натпреварот со ФК Пелистер и инциденти насочени кон судиската тројка.

Според информациите, од трибините биле фрлани предмети кон теренот, а по завршувањето на средбата имало и вербални напади, како и обид за физичка пресметка со арбитрите.

Санкции добија и тренерите Баже Илијоски од ФК Македонија Ѓорче Петров и Дејан Лескароски од ФК Струга Трим Лум.

Во Втората лига, пак, по два натпревара суспензија заработија Филип Тодороски од ФК Кожуф и Мартим Богданоски од ФК Новаци.

Поврзани вести