Skip to main content

Во Солун регистриран првиот случај на респираторниот вирус од Кина

Метапневмовирусот е стар вирус, присутен е во земјава од 2001 година, по однос на истиот не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, смирува доктор Злате Мемедовиќ од Комисјата за заразни болести, отккао во Солун официјално е регистриран првиот случај на респираторниот вирус  чие ширење предизвика паника за нова здравствена криза, слична на коронавирусот. Заболен бил 71-годишен маж чија ќерка за време на празниците била во Кина, и неколку дена по враќањето нејзиниот татко ги покажал првите симптоми и бил задржан  во болница. Доктор Мехмедовиќ нагласува дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било. Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци.

Со смирувачки тонови и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочува дека вирусот е присутен но дека по однос на истиот не треба да се крева паника бидејќи истиот бил присутен и претходната сезона, односно дека истиот вурус не е нов туку веќе постоечки. Апелира на смиреност и без потреба од било какви паники.

Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт.

Поврзани вести