МВР поднесе кривична пријава против поранешниот началник на Одделот за воздухопловни единици од Куманово поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Според МВР, тој им овозможил на тројца вработени во МВР како воздухопловни техничари да добиваат додаток на плата од 20 отсто, иако знаел дека тие имале дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов.
На тој начин, според кривичната, буџетот на МВР бил оштетен за 926 илјади денари, односно 15 илјади евра.
Поранешниот началник Н.А. ќе биде суспендиран од работното место.