
На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Македонски

