Skip to main content

Ким: Русија има право на самоодбрана по нападите со западно оружје

Претседателот на Cеверна Кореја, Ким Џонг-ун, на средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов во Пјонгјанг, истакна дека Русија има право на самоодбрана.

Според Ким, Украина поради САД и западните земји ја нападна руската територија со нивно оружје со долг дострел па затоа Русија мора нешто да преземе за непријателските сили да ја платат цената.

Лидерот на Cеверна Кореја најави продлабочување на соработката со Русија во сите сфери, вклучително и воената, во согласност со Договорот за стратешко партнерство.

Поврзани вести