
„Златна бубамара на популарноста“ синоќа се одржа по 29. пат. Овој пат интернационално, со многу ѕвезди, музика, хумор, но и сатира…
Вечерта традиционално започна со обраќањето на Ранко Петровиќ,човекот кој ја осмисли Златната бубамара и кој сиве овие 29 години стои зад неа од првиот до последниот миг.

Многу сум среќен што оваа традиција успешно продолжува. Повторни сме заедно по 29 пат и ќе направиме убавп шоу. Ви благодарам што не возевте брзо, пешачевте и пак дојдовте на време. Вечерва имаме гости од Америка, Англија, Хрватска, Србија, Холандија…Подгответе се за добра забава, ќе можете да играте и да пеете и апсолутно да се расположите, рече на почетокот Ранко Петровиќ и има посака добредојде на публиката, гостите и улесниците на 29 издание на Златна бубамара напопуларноста.
Со повеќе од 320 учесници, манифестацијата направи одлична ретроспектива на изминатата година во 3 часа и 30 минути. Арената „Борис Трајковски“ во Скопје повторно беше местото каде што се славеше музиката, хуморот и сценската уметност. Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, Златна бубамара донесе комбинација од смеа, носталгија и искрени емоции.

На сцената продефилираа бројни домашни и регионални ѕвезди.


Меѓу највпечатливите настапи беше оној на Жера од легендарната сараевска група Црвена јабука, кој ја врати публиката во едни поинакви времиња и предизвикаа масовно пеење во салата.

Силна енергија донесе и британската соул-група Delegation, додека американската пејачка Марта Хај, позната по соработката со Џејмс Браун, внесе дух на светска сцена во скопската арена.


Настапија и бројни македонски музички имиња, актери и јавни личности, кои не само што добија признанија, туку и ја споделија својата благодарност кон публиката што со години ја одржува „Бубамара“ жива.



Еден од најсилните моменти на вечерта беше обраќањето на Игор Џамбазов, кој од сцената испрати порака што одекна во салата. Осврнувајќи се на трагичните настани во Кочани, тој рече дека „децата во Кочани ги уби новиот фашизам нахранет со алчност, корупција и незнаење“, предизвикувајќи долготраен аплауз и тишина што зборуваше повеќе од зборовите. Неговата порака внесе сериозност во вечерта, потсетувајќи дека уметноста и забавата не се одвоени од реалноста.
Наградени:
Пејач на годината – Владо Јаневски
Фолк концерт на годината – Влатко Миладиновски
Спортска легенда – Владо Илиевски
Пејачка на годината – Калиопи
Хит на годината – Води ме (Калиопи и Слаткаристика)
Регионално откритие на годината – Јаков Јозиновиќ

Награда за животно дело- Марта Хај
Награда за животно дело Delegation band
Најпопуларен хип хоп артист – Тони Зен

Награда за трајни музички вредности – Дражен Жериќ – Жера (Црвена јабука)
Најпопуларна пејачка во регионот – Александра Радовиќ
Најдобра театарска претстава – Пар распар (Театар Комедија)

Најдобар млад актер – Тони Денковскиќ
Најдобра млада актерка – Нина Елзесер
Награда за животно дело во уметноста – Васко Ташковски

Награда за трајни вредности – Снежана Коневска Руси

Награда за животно дело – Круме Спасовски

Награда за трајни музички вредности – Дамир Имери

Најперспективна млада пејачка – Тина Русева

Најпопуларен џез артист – Владимир Четкар

фото Република

Македонски


