Skip to main content

Експериментален џем посветен на Дејвид Боуви

Во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вечерва во 21 часот ќе биде организирана џем сесија посветена на Дејвид Боуви. Вечерта ќе ја води Аman.be.deus. Вие едноставно треба да викнете друштво и да почнете да свирите, велат од „Лабораториум“.

Продолжуваме со неделните џемови, ве чекаме на малата сцена да ги изведете сите ваши музички експерименти. Донесете инструменти, нешто што прави звук, или користете ги нашите – се вели во поканата.