
– Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во македонската кошарка, како координатор на сите национални репрезентативни селекции. Илиевски има огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови.
– Ја прифатив оваа функција да го предадам моето име, моето искуство што сум го стекнал триесет години за Македонија и заедно со оваа екипа да направиме исчекор и систем, во чија иднина очекуваме млади генерации да ги наследат денешните. Се надевам дека долги години по нас ќе оставиме нешто, систем, начин на работа и позитивна средина која ќе ни даде голем број на добри кошаркари. Почнуваме со нов селектор, нова енергија и не очекуваат добри резултати во иднина и секако, нови дечиња, девојчиња, кои ќе ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло – изјави Илиевски.

Македонски



