Skip to main content

На Тотенхем не му оди и со Тудор и без Тудор

 По убедливиот пораз од 1:4 од Арсенал вчеравечер во 27. коло од англиската Премиер лига, тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, одговори на прашање за шансите на неговиот тим да го задржи местото во елитната лига на крајот од сезоната 2025/26.

– Дали сум уверен дека Тотенхем ќе остане во Премиер лигата? Секако, сум уверен, бидејќи верувам дека имаме добри играчи со лоши навики. Тие се квалитетни играчи, никој не може да каже дека им недостасува квалитет. Тие се можеби најдобриот тим во светот, но немаа најубедлив почеток, изјави Тудор за „Би-би-си“.

Според хрватскиот фудбалски стручњак, Спарс треба да работат на својот менталитет и на вистинскиот менталитет за добро да ги започнат натпреварите.

Тотенхем е на 16. место на табелата во англиската Премиер лига со 29 бода.

На 1 март, тимот ќе игра против Фулам на гостински терен

Поврзани вести