
Ракометарите на лидерот во Супер лигата Вардар на стартот од плеј оф дуелите ќе стартува со две гостувања. Првото ќе биде овој викенд во Автокоманда, каде „црвено-црните гостуваа во саботата и победија со 28:25.
Во следното коло (второ – плеј оф) Вардар гостува во Битола, кај првакот Еурофарм Пелистер, а термин за одигрување на дуелите од таа рунда е 14 или 15.март.
Инаку, во првото коло (28.февруари – 1.март) од плеј офот ќе играат: Тиквеш – Еурофарм Пелистер, Бутел – Охрид и Алкалоид – Вардар. Во последното коло од Супер лигата се играат дуелите: Еурофарм Пелистер – Алкалоид, Бутел – Вардар и Тиквеш – Охрид.
Инаку, првиот дел од првенството сè уште не е комплетиран бидејќи утре се игра дуелот меѓу Пролет и Охрид, дуел кој беше одложен поради настапот на охриѓани и настапот во ЕХФ Европскиот куп, каде со две победи против Дукла Прага изборија четвртфинале во ова натпреварување.
Табела плеј оф (без дуелот Пролет – Охрид): Вардар 42 бода, Еурофарм Пелистер 38, Охрид 35, Алкалоид 35, Бутел 22 и Тиквеш 22.

Македонски



