
Телевизијата Телма објави видео снимка од осомничениот за серија брутални убиства во Кумановскиот Регион, случај што ја потресе јавноста и отвори сомнежи за повеќе нерешени смртни случаи.
На видеото што е снимено од камери на една од куќите во близина, се гледа младиот маж од околината на Старо Нагоричане, кој веќе е во притвор поради свирепо убиство на 78 годишна жена, како се обидува да влезе во куќа, но вратата е заклучена. Според изворите на Телма се работи за дом кој се наоѓа близу местото познато како Коински Мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена

Македонски



