Skip to main content

Израелски „Нзив“: Турција создава „балистички чадор“ над Израел

Израелскиот новински портал „Нзив“, објави аналитички напис посветен на турската балистичка ракета „Ценк“, која има дострел до 2.000 км и во моментов е дел од равојната програма на компанијата „Рокетсан“.

Во написот се нагласува дека, кога ќе се лансира од каде било во Турција, ракетата е способна да го покрие целиот Израел, ефикасно создавајќи „балистички чадор“ над земјата.

Авторот на написот забележува дека „Ценк“ симболизира квалитативен скок во желбата на Турција да се етаблира како регионална сила со свој независен стратешки капацитет за одвраќање.

Овој проект се вклопува во пошироката стратегија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за намалување на зависноста од западните испораки на оружје и етаблирање на Турција како клучен играч на Блискиот Исток – особено во услови на регионален ривалитет меѓу Израел и Иран.

Поврзани вести