Skip to main content

Трагедија: Загина младо момче додека работело на објект во Петровец

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести