
Македонскиот претставник во 1/16 финалето од Конференциската лига на УЕФА Шкендија синоќа претрпе минимален пораз на домашен терен со 1:0 од турскиот тим Самсунспор. Гостите голот за победа го постигнаа во финишот на дуелот.
– Честитки за противникот беше подобра екипа. Мислам дека не бевме на нашиот максимум на овој натпревар. Кога играш против квалитетен тим треба секој момент да го искористиш и тие две-три шанси да ги реализираме. Од друга страна противникот успеа да даде гол од нивните неколку шанси и тоа го реши мечот. Во четврток на гостински терен ќе се обидеме да се претставиме во подобро светло и со наша подобра игра, изјави тренерот на тетовчани Јетон Беќири.

Македонски



