Skip to main content

Љутков на македонскиот штанд на Европскиот филмски маркет на Берлинале: Останувам посветен на поддршка на филмот како мост кон светот

Денес во Берлин, Германија го посетив македонскиот штанд на Европскиот филмски маркет во рамките на Берлинале, заедно со амбасадорот Илбер Села, напиша на својот фесјбук профил министерот за култура Зоран Љутков.

Директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, ме запозна со активностите на нашата делегација. Штандот во престижниот Gropius Bau успешно ја промовира Македонија како атрактивна дестинација за снимање филмови со уникатни локации, професионални капацитети и поволни услови за копродукции и странски инвестиции.

Континуираната присутност на овој пазар ни овозможува поголема видливост, нови соработки и пристап до европски фондови, што директно го зајакнува развојот на македонската кинематографија.

Вечерва ќе присуствувам на светската премиера на филмот „17“ на младата режисерка Косара Митиќ, селектиран во престижната програма „Perspectives“ на Берлинале.

Овој дебитантски долгометражен филм, поддржан од Агенцијата за филм и продуциран во копродукција со Србија и Словенија, претставува големо меѓународно признание за новата генерација македонски автори и потврда за квалитетот на нашата филмска сцена.

Горд сум на нашите таленти и останувам посветен на поддршка на филмот како мост кон светот и како витален дел од културниот и економскиот развој на земјата.

Поврзани вести