Skip to main content

Јоханес Клебо е првиот спортист кој овои десет злата на ЗОИ

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо е првиот спортист во истопријата на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кој освоил десет златни медали.

29-годишниот спортист денеска на ЗОИ во Милано Кортина, во тим со Ејнар Хедегарт, победи во тимскиот спринт крос-кантри.

За Клебо, победата во тимскиот спринт беше неговиот 10-ти златен олимписки медал. Во Пекинг 2022 година, тој освои злато во поединечните и тимските спринтови, а во Пјонгчанг 2018 година, освои злато во поединечните и тимските спринтови и штафетата.

Ова злато беше петто за Клебо на Игрите во Милано, по победите во скиатлон, спринт, индивидуален хронометар и штафета.

Норвежанецот го изедначи достигнувањето на американскиот натпреварувач во брзо лизгање Ерик Хајден, кој стана петкратен олимписки шампион во 1980 година.