Skip to main content

Се намалуваат водостоите на реките

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минимално зголемување на нивото од три сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања каде водостојот е зголемен за четири, односно за два сантиметра, и Струмица кај Коњарево каде нивото е повисоко за три сантиметри.

Најголемо зголемување на водостојот од 24 сантиметри има реката Струмица кај мерното место Сушево, за 20 сантиметри во споредба со вчера е зголемено нивото на Црна Река кај Р. Б. Мост, а за 18 сантиметри на Брегалница кај Штип.

Водостоите, пак, на трите природни езера во земјава се исти како вчера.

Поврзани вести