Skip to main content

Сијарто: Украина продолжува грубо да се меша во изборите во Унгарија

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави оти Унгарија продолжува грубо да се меша во претстојните избори во Унгарија.

Тој го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека за блокирање на на испораките на нафта преку нафтоводот Дружба со цел да изврши притисок врз унгарската влада пред гласањето.

– Педесет и осум дена пред парламентарните избори, Украина многу очигледно се меша во нашиот изборен процес. Овој пат тие се обидуваат да ја загрозат енергетската безбедност на Унгарија. Претседателот Зеленски одлучи од политички причини да го блокира продолжувањето на испораките на нафта за Унгарија, иако нафтоводот е технички целосно способен да ги продолжи испораките без технички или оперативни пречки – наведе Сијарто.

Според него, Зеленски и Украинците ја поддржуваат опозициската партија Тиса.

– Ако Тиса победи, ќе дозволи Унгарија да биде вовлечена во војната, ќе дозволи унгарски пари да бидат испратени во Украина и ќе го одобри членството на Украина во ЕУ – потенцира Сијарто.

Тој додаде дека за разлика од Тиса, „суверено националната влада“ ќе ја заштити Унгарија.

– Ние кажуваме „не“„на Брисел, кој не вовлекува во војна, „не“ за испраќање пари во Украина и „не“ на членствоито на Украина во ЕУ – истакна Сијарто