
Млада велешанка кривично ќе одговара затоа што го оставила своето новороденче во болницата каде што се породила.
Како што информираа од МВР, СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе, појаснуваат од полицијата.

Македонски



