Skip to main content

Мицкоски на средба со менаџментот на Schwarz Group: Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.

Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.

Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава!

Поврзани вести