Skip to main content

Протест на ССМ пред Собранието

 Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието. 

Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати.  

Пратениците се уште се прават глуви на иницијативата на ССМ за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и за последната иницијатива на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти, односно да си ја намалат основицата за пресметка на плата од просечна на минимална плата и да ги намалат нивните коефициенти на сложеност, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Поврзани вести