Skip to main content

Норвешката амбасадорка Мона Јул е суспендирана и ќе поднесе оставка поради контакти со Епстин

Принтскрин од видео

Истакнатата норвешка амбасадорка Мона Јул ќе поднесе оставка поради „сериозна грешка во проценката“ кога станува збор за нејзиниот контакт со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, објави денеска норвешкото Министерство за надворешни работи.

Претходната недела, министерството ја суспендираше Јул од нејзината функција амбасадор во Јордан и Ирак, во исчекување на внатрешната истрага за нејзините врски со Епстин.

Нејзините контакти со него беа откриени од обемните документи објавени од американските власти.

Контактот на Јул со осудениот сексуален престапник Епстин покажува сериозна грешка во проценката. Овој случај го отежнува враќањето на довербата што ја бара оваа позиција“, рече шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Ајде.

Британските медиуми пренесуваат дека Јул (66), поранешна помошник-министерка во владата, претходно ја претставувала Норвешка како амбасадор во Израел, Велика Британија и Обединетите нации.

Поврзани вести