Во втората епизода од ТВ колумната „5 минути со Чавез“ се потсетуваме на „алпскиот“ воздух што го дишевме кога на власт беше СДСМ. „Ајрото“ на Заев од тоа време е легендарно.
Не можеме да го прескокнеме и Таравари „археологот“ на привремена работа министер за здравство како и хратскиот министер кој си поднесе оставка поради корупција. Научи ли Филипче од него нешто? Замислуваме и како ќе изгледаше објектот на поштата во Скопје ако ДУИ го претвореше во кабаре.