
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина, но без учество на Киев. Тоа го изјави вчера на брифинг за новинари, во време на засилени дипломатски активности насочени кон завршување на војната, при што веќе следната недела се очекува можно продолжение на трилатералните преговори помеѓу Украина, САД и Русија, веројатно на американска територија, пишува The Kyiv Independent.

Со оглед на потенцијалните ризици, украинската делегација го пренесе ставот дека, ако дојде до билатерални договори меѓу Русија и САД, одредбите што се однесуваат на Украина не смеат да бидат во спротивност со нашиот устав“, рече Зеленски, алудирајќи на територијалните прашања.
Тој нагласи дека Киев добива сигнали за можно потпишување на билатерални документи помеѓу Вашингтон и Москва, вклучувајќи ги и оние за економска соработка.
Зеленски додаде дека Украина нема целосен увид во сите можни деловни аранжмани, но дека некои детали протекле низ разузнавачките канали. Како пример тој го наведе т.н. Дмитријев пакет, кој во САД наводно го претставил рускиот преговарач Кирил Дмитријев.
Разузнавачите ми го покажаа т.н. Дмитријев пакет претставен во САД – вреди околу 12 трилиони долари“, рече Зеленски, опишувајќи го како предлог за обемна економска соработка меѓу двете земји.
Додаде дека Киев забележал и знаци дека потенцијалните американско-руски документи можат да содржат одредби кои се однесуваат на Украина.
Јасно велиме дека Украина нема да поддржи никакви договори за нас без нас“, заклучи тој.

Македонски



