Skip to main content

МВР со детали: Десетина комбиња влегоа во ОХИС, акција во Скопје и во Струмица за опојна дрога

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога.

Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.

Дел од медиумите веќе објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Објавено е дека десетина комбиња и неколку камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на МРТ во одговор на прашање за заплената на пет тони марихуана во Србија за која српските власти тврдат дека дошла од Македонија најави дека МВР деновиве, а можеби и денеска, ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на МРТ.

Поврзани вести