Skip to main content

„Срам и пари“ во режија на Висар Морина, копродукција со Македонија на „Санденс“

Долгометражниот игран филм „Срам и пари“ во режија на Висар Морина, копродукција со Македонија, ја имаше светската премиера на најголемиот фестивал на независен филм во САД, „Санденс“ во Јута. На премиерата присуствуваше и продуцентката Марија Димитрова. Филмот беше селектиран во програмата Светски филмови – драма.

Shame and Money е копродукција помеѓу Германија, Косово, Словенија, Албанија и Белгија. Висар Морина е режисер, продуцент и сценарист на филмот, заедно со Дорунтина Баша. Улогите ги толкуваат: Астрит Кабаши, Флоња Кодели, Кумрије Хоџа, Албан Укај и др.

Филмот зборува за едно косовско семејство, кое по губењето на својата егзистенција во едно село, е принудено да се пресели во главниот град во потрага по свое место во хиперкапиталистичко општество.

Поврзани вести