Skip to main content

На аеродромот во Берлин уапсен член на Хамас осомничен за планирање напади врз еврејски објекти

ngo-kramarek-from-pixabay

Германската полиција уапсила член на палестинската организација Хамас на аеродромот во Берлин, кој е осомничен за подготовка на напади врз еврејски објекти во Германија, објави Канцеларијата на државниот обвинител во Карлсруе.

Канцеларијата на државниот обвинител нареди апсење на 36-годишниот Мухамед С. по неговото враќање од Бејрут. Тој е обвинет дека е член на терористичката организација Хамас и дека подготвувал терористички напади врз еврејски објекти во Германија“, објави Канцеларијата на главниот државен обвинител во Карлсруе.

Во соопштението понатаму се наведува дека во август минатата година Мухамед С. во договор со друг член на Хамас, кој веќе е уапсен, договарал напади врз еврејски објекти и за таа цел се стекнал со 300 парчиња муниција.

Минатата година, полицијата уапси неколку членови на истата група, вклучително и во Лондон, под обвинение за подготовка на напади врз еврејски објекти во Германија и Европа.

Во Германија, од нападот на Хамас врз Израел во 2023 година и војната во Газа што следеше, зголемен е бројот на напади врз членови на еврејската заедница.

Ситуацијата е особено напната во Берлин, каде што живеат голем број арапски Палестинци. Според информациите на Организацијата за борба против антисемитизмот (RIAS), во Берлин секојдневно се регистрираат седум напади со антисемитска позадина.

Поврзани вести