Skip to main content

Уставниот суд едногласно ја прифати оставката на Радев, Јотова стана претседателка

Уставниот суд едногласно ја прифати оставката на Румен Радев од функцијата претседател, објави БГНЕС, повикувајќи се на судот.

Рочиштето за уставниот случај се одржа денес, соопшти судијката Павлина Панова. Уставниот суд одлучи дека овластувањата на претседателот на Република Бугарија Румен Георгиев Радев престануваат предвреме со констатираната оставка од страна на Уставниот суд.

Одлуката стапува на сила денес, 23 јануари 2026 година.

Одлуката беше донесена едногласно.

На расправата учествуваа 12 уставни судии.

По пресудата на судот, функцијата шеф на државата ќе ја преземе досегашната потпретседателка Илијана Јотова.

Попладнето Радев ќе биде испратен до предниот влез на претседателството.

БГНЕС потсетува дека Румен Радев е петтиот демократски избран шеф на државата Бугарија. Тој првпат беше избран за претседател во ноември 2016 година, а повторно избран во ноември 2021 година. Во јануари 2026 година, Радев влегува во својата последна година од „Дондуков“ 2. Подоцна оваа година треба да се одржат редовни претседателски избори, а новоизбраниот шеф на државата треба да положи заклетва во јануари 2027 година.

Радев е првиот шеф на држава на Бугарија кој е избран на директни избори, а не го завршува својот мандат.

Она што е извесно веќе поранешниот шеф на државата ќе формира политичка партија , и според бигарските аналитичари за очекување е дека ќе ја освои власта и ќе се обиде да ја формира новата бугарска влада.

Поврзани вести