
Селекторот на српската репрезентација, Раул Гонзалез, по поразот од Австрија изјави дека неговиот тим бил нервозен и не играл добро во нападот, но нагласи дека „Орлите“ сè уште имаат шанса да се пласираат од групата.
Не бевме добри во нападот, нивниот голман беше сигурен. Тие се добар тим, имаат многу ракометари кои играат во Бундеслигата. Имаме шанса, се боревме до самиот крај на сите натпревари. Денес загубивме, но бевме одлични против Германија. Овој натпревар беше изедначен, можете да го видите резултатот и можете да заклучите колку беше тесно. Имаше неколку исклучувања кои направија разлика, бевме нервозни и ова беше исходот – рече Гонзалез.

Македонски




