
Генералниот секретар на воената алијанса, Марк Руте, по средбата со данскиот министер за одбрана и министерот за надворешни работи на Гренланд, изјави дека НАТО ќе продолжи да соработува со Данска и Гренланд за безбедноста на Арктикот.
Разговаравме колку е важен Арктикот – вклучувајќи го и Гренланд – за нашата колективна безбедност и како Данска ја презема одговорноста за инвестициите во клучните воени капацитети“, напиша Руте на социјалната платформа Х.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека „ќе продолжат да соработуваат како сојузници за тие важни прашања“.

Македонски




