
Бог се јави!
Богојавление-Водици е празник на духовната чистота, верата и обновата, ден што нè потсетува на силата на заедништвото, на моралните вредности и на одговорноста што ја носиме едни кон други. Денес сум во мојот Велес, меѓу моите сограѓани, каде традицијата, верата и заедништвото се чувствуваат силно и искрено, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Овој голем празник нè повикува на спокој во семејствата, меѓусебна почит, солидарност и единство меѓу луѓето. Да останеме исправени, поврзани и верни на вредностите што нè обединуваат.
За многу години!

Македонски





