
Во Охрид, денес остваривме значајна работна средба со постојаните делегати – амбасадори и други претставници при УНЕСКО во Париз на државите – членки на Комитетот за светско наследство. Ваквите средби се можност преку отворен дијалог и соработка да ги претвориме препораките во конкретни активности.
Нашата определба е системски да ја унапредуваме заштитата на Охридскиот Регион, преку подобра институционална координација, одговорно управување и одржлив развој.
Остануваме посветени на зачувувањето на ова исклучително светско, природно и културно наследство, во партнерство со УНЕСКО, локалните институции и сите чинители кои ја споделуваат оваа одговорност.

Македонски



