Skip to main content

Земјите од Персискиот Залив ги предупредле САД да не го напаѓаат Иран

Земјите од Персискиот Залив, првенствено Саудиска Арабија, Оман и Катар, ги предупредле САД да се воздржат од нов удар врз Иран, објави „Волстрит џурнал“.

Во неформални разговори, овие арапски држави јасно ѝ ставиле до знаење на американската администрација дека обидот за воена интервенција би бил сериозен шок за глобалните пазари на нафта и, на крајот на краиштата, би ја оштетил самата американска економија, објави весникот.

Официјален Ријад дополнително го информирал Вашингтон дека нема намера да биде вовлечен во конфликт меѓу САД и Иран, ниту да дозволи неговиот воздушен простор да се користи за напади.

Поврзани вести