Skip to main content

Ќе им воведам царини:Трамп се закани на сите држави кои не го поддржуваат завземањето на Гренланд

Откако дипломатите од Копенхаген и Нук јасно порачаа дека Гренланд не е на продажба, Доналд Трамп реши да ги зголеми влоговите. За време на состанок во Белата куќа, отворено се закани со воведување трговски царини за сите земји што нема да го поддржат неговиот план.

Можеби ќе им воведам царини ако не се согласат со нашиот план околу Гренланд – изјави Трамп пред новинарите за време на тркалезна маса во Белата куќа, како што пренесува Sky News.

Тој додаде дека станува збор за прашање на „национална безбедност“ и дека на САД им е потребен Гренланд за да го спречат влијанието на Русија и Кина.

Главниот град на Гренланд, Нук, стана база за првата воена извидувачка мисија на НАТО. Франција ги испрати првите 15 војници, а потоа следуваат Германија, Шведска и Норвешка, па дури и Словенија, која размислува за испраќање на двајца офицери. Францускиот претседател Макрон порача дека ова е само почеток и дека ќе го засили присуството со бродови и авиони за да ѝ покаже на САД дека НАТО цврсто стои покрај Данска.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара од НАТО „координирано присуство“ во арктичкиот регион со цел да се спречат тензии и да се одговори на „вмешувањето на други актери“, во време на ескалација на напнатостите меѓу западните земји поврзани со Гренланд.

Во писмо прочитано за време на презентацијата на документ на италијанската влада поврзан со Арктикот, Мелони изјави дека регионот станал сè поважен поради развојот на нови поморски патишта и неговите огромни „енергетски и минерални ресурси“.

Италија има статус на набљудувач во Арктичкиот совет, кој го надгледува регионот од 2013 година, и ја ажурираше својата политика поради неодамнешните тензии меѓу САД и Данска околу Гренланд, што дополнително го засили фокусот врз ова подрачје.

Поврзани вести