Skip to main content

Како МЗТ Скопје загуби до Војводина

 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја почнаа новата календарска година, откако вчера загубија на домашен терен од Војводина со 78-73 во рамки на 6. коло во АБА 2 лигата.

По резултатски израмнетата прва четвртина (18-16), уследи пад во играта на МЗТ Скопје што гостите од Нови Сад го искористија и пред крајот на третиот дел стекнаа предност од највисоки плус 18 поени (63-45).

Од тој момент МЗТ Скопје влезе во серија од 16-0, намалувајќи ја негативата на само два поени, а кратко потоа и поведе со 66-65.

Сепак, кошаркарите на Војводина беа поумешни во завршницата и на крајот заслужено му го нанесоа третиот пораз на МЗ Скопје во шестиот натпревар оваа сезона во регионалната лига.

Гил со 17 и Петков со 16 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, чиј следен противник на 28 јануари, повторно во Скопје, ќе биде Подгорица.

Поврзани вести