
Финските инженери од Источната регионална команда на КФОР го завршуваат проектот за ископ во базата Бондстил во Косово, објави КФОР.
„Проекти како овој го подобруваат кампот за идните ротации, а воедно придонесуваат за подготвеноста на единицата со одржување на персоналот и опремата активни, способни и оперативно ефикасни во реална оперативна средина“, соопшти Кфор во објава на Фејсбук.
Во соопштението се додава дека ваквите напори ги подобруваат оперативните и поддржувачките капацитети и ја одразуваат континуираната посветеност на КФОР кон стабилноста и безбедноста во регионот.
Кампот Бондстил во близина на Урошевац е главната американска воена база во Косово како дел од КФОР, а од 2011 година, покрај американските, базата ја користат и други војници од мултинационалните сили на мисијата на НАТО.

Македонски






