
Повисоки плати за наставниците од март идната година ќе почнат да го добиваат договореното зголемување, кое ќе се движи од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.
Како што посочи Јаневска, покачувањето претставува силен мотив за наставниот кадар и резултат на процес кој досега не бил успешно реализиран.
Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија“, рече министерката Јаневска.
Покрај најавата за платите, таа информираше дека годинава ќе се спроведуваат два вида на државна матура. Кај стручната матура, прашањата ќе бидат прилагодени на наставниот материјал што го изучуваат учениците, додека кај државната матура, концептот ќе остане непроменет и прашањата ќе бидат исти како и досега.
Истовремено, Јаневска најави и можност за учениците од средните стручни училишта да полагаат државна матура, доколку не планираат да продолжат на факултет во струката за која се школувале.

Македонски







