
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека Иран ќе даде порешителен одговор на секоја обновена американско-израелска агресија, како онаа во јуни.
Во интервју за веб-страницата Khamenei.ir, Пезешкијан изјави дека Иран е помоќен во споредба со времето на американско-израелската агресија.
Нашите воени сили си ја вршат својата работа и сега се посилни во однос на опремата и човечката сила, и покрај сите проблеми што ги имаме, отколку во времето на нападот. Значи, ако сакаат да нападнат, природно ќе се соочат со порешителен одговор“, порача Пезешкијан.
Тој изјави дека неговата земја е под економски, воен, политички, безбедносен и пропаганден притисок и дека САД, Израел и Европа не сакаат „Иран да застане на нозе“.
Пезешкијан ја опиша ситуацијата како „посложена и потешка“ од осумгодишната иранско-ирачка војна, во која, како што изјави, „сè беше познато“.
Сега притисоците доаѓаат од сите правци – во исто време врз егзистенцијата, политиката, културата и безбедноста“, истакна тој.
Иранскиот претседател нагласи дека зачувувањето на единството на нацијата е најдобриот избор во услови на потенцијална агресија.

Македонски







