
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски смета дека препирките меѓу лидерот на партијата, Венко Филипче и останатите членови на партијата кои бараат негова оставка, можеа да останат во самите рамки на СДСМ. Оценува дека екс-градоначалникот и поранешен функционер на партијата, Петре Шилегов не требаше да реагира јавно, само еден ден по изборот на новото раководство на СДСМ.
-Мене ми е криво што е тоа така бидејќи СДСМ и претседателот Филипче, особено во последните 3-4 недели, води една поразлична и интензивна кампања и нова борба за разобличување на политиките на власта во делот на корупцијата и прашањето за мигрантите. Отворивме една операција на кој начин ВМРО-ДПМНЕ одговара на сето тоа и како ги трупа медиумите со лажни вести. Мене ми е криво што и нашиот член стана дел од тие вести. Им овозможи да го искористат неговото мислење, за повторно да избегаат од проблемите со кои се соочуваат и немаат одговор, рече Фрчкоски во емисијата „Аргумент плус“.
Околу наводната иницијатива на членовите на СДСМ, Игор Ивановски – „Шема“ и Андреј Петров дека „подготвуваат удар за да ја преземат СДСМ“, Фрчкоски вели дека нема впечаток дека сопартијците имаат такво размислување. Смета дека нивните имиња можеби се искористени во таква иницијатива, без нивно влијание.
а целата ситуација со компромитирачките фотографии на социјалните мрежи како користи недозволени супстанци на работно место, Фрчкоски потсети дека не избегал од ситуацијата, не ја негирал и понудил оставка.
-Криво ми е за тоа. Никогаш не излегов (од партијата), мојата оставка не беше пред ЦО. Се повлеков од медиумскиот простор, но продолжив да работам во партијата. Ова е првпат да сум на некаква политичка јавна функција во партијата. Не излегов од приказната, кажа Фрчкоски.

Македонски






