Skip to main content

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација.

Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ноември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје од декември.

На настанот денеска, според најавите, ќе присуствуваат генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Виз ер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Поврзани вести