
Талибанците во Авганистан уапсија четири млади мажи поради носење облека инспирирана од серијата „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders), пренесува Дејли мејл.
Апсењата беа извршени во Херат од страна на талибански спроведувачи на моралот, а четворицата млади мажи беа обвинети за „промовирање на странска култура“.
На социјалните мрежи претходно имаше видеа и фотографии од четворицата млади луѓе, а корисниците ги нарекуваа „Џебраел Шелби“.
Во интервју на Јутјуб канал, четворицата млади мажи рекоа дека ја носеле облеката од восхит кон модата на популарната ТВ серија, наведувајќи позитивни реакции.
Портпарол на Министерството за промоција на доблестите и спречување на пороците на Талибанците рече дека однесувањето е некомпатибилно со „исламските вредности и авганистанската култура“.
Тој дури објави и видео на кое еден од мажите изразува жалење за своето однесување.

Македонски







