
По повод роденденот на големиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонков Вапцаров, Националната установа Центар за култура која го носи неговото име во Делчево организираше свечено одбележување со читање реферат и полагање цвеќе пред неговиот споменик.

Покрај претставниците на Центарот за култура, цвеќе положија и градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски, како и претставници на локални установи и институции, кои се поклонија пред ликот и делото на Вапцаров. Тие ја истакнаа неговата непреодна поетска големина и силната хуманистичка порака што и денес одекнува меѓу генерациите.
Неговото творештво, исполнето со визија за слобода, правда и вера во човекот, останува трајна инспирација и важен дел од македонската и светската културна ризница“, беше кажано во рефератот подготвен по тој повод.

Од установата нагласија дека преку ваквите настани се негува и пренесува напред неговата мисла, со цел идеалите на Вапцаров да продолжат да бидат светлина за иднината.
Честит роденден, Вапцаров – твоите стихови и твојот дух остануваат вечни“, порачаа организаторите.

Македонски







