
По лагите на опозицијата за градењето наводни мигрантски кампови во Македонија, со силна подршка на владата и премиерот Христијан Мицкоски, излегоа од амбасадата на Велика Британија во Македонија.
Оттаму преку статус на Фејсбук, потсетуваат дека меѓу двете земји е потпишана Меѓувладина соработка за реализација на проекти од критична инфраструктура во Македонија и дека двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи..
По клучната средба меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, Велика Британија и Македонија воспоставија Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка, со цел продлабочување на соработката и зајакнување на стабилноста и просперитетот во двете земји. Како дел од ова, двете земји потпишаа Меѓувладина соработка за реализација на проекти од критична инфраструктура во Македонија. Оваа соработка беше дополнително зацврстена од двајцата премиери на Берлинскиот процес на која Велика Британија го беше домаќин во октомври годинава.
Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи. Ние стоиме цврсто со нашиот македоснки НАТО сојузник во унапредување на просперитетот, безбедноста и економскиот раст, напишаа од амбасадата на Велика Британија во Македонија.

Македонски







