Skip to main content

Новогодишен детски концерт на Националниот џез оркестар на 14 декември

Националниот џез оркестар на 14 декември во 11 часот во Македонска филхамронија ќе одржи новогодишен детски концерт „Светот на Биби“.

Со доаѓањето на најубавиот период од годината, Националниот џез оркестар ве носи во еден музички свет полн со радост и магија – „Светот на Биби“! Под водство на диригентот Џијан Емин, оркестарот ќе ја изведе музиката од омилената македонска детска серија „Биби и Боби“, создавајќи празнична атмосфера која ќе ги воодушеви најмалите, а ќе ги развесели и возрасните, велат од НЏО.

Поврзани вести