
Тешка сообраќајна несреќа во швајцарскиот град Шлиерен, кантон Цирих, го однесе животот на 39-годишен македонски државјанин, пишуваат медиумите.
Несреќата се случила доцна во саботата, кога моќен БМВ, кој се движел со брзина далеку над дозволените 30 километри на час, излетал од коловозот, удрил во улична светилка, дрво и потоа директно во фасада на станбена куќа. Совозачот, исто така од Македонија, се здобил со тешки повреди, а возачот и непозната женска сопатничка побегнале од местото на несреќата без да повикаат помош. Повредениот бил пренесен во болница, но починал вчера. Возачот се предал на полицијата вчера напладне, додека швајцарската полиција и натаму трага по жената што била во возилото.

Македонски






